„Ова е состанок со историјата“


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Реал Мадрид и Јувентус играат во големото финале на ЛШ. Натпреварот ќе се одигра во Кардиф, а изјава за тоа даде и Рамос.

„Мислам дека имаме состанок со историјата. Мораме да заборавиме на се што освоивме досега, затоа што не значи тоа ништо кога сте на теренот.“

„Ова е голем натпревар и сакаме да се докажеме. За ЛШ не ви е потребна дополнителна мотивација.“

„Ова е историски момент и свесен сум дека во три од нашите 4 финалиња бевме одлични. Имаме шанса да ја потврдиме доминацијата и дека сме на врвот.“