Одбиена е жалбата, Барселона со голем хендикеп во „Ел Класико“!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Жалбата на Барселона беше одбиена за суспензијата на Нејмар и тој ќе го пропушти „Ел Класико“.

Нејмар е суспендиран на 3 натпревари откако аплаудираше на 4-от судија по исклучувањето во поразот од Малага.

Барселона се жалеше на оваа одлука до ФС на Шпанија, но нивната жалба беше одбиена и тој нема да игра против Реал Мадрид во недела.

Да потсетиме, Нејмар поради споменатиот црвен картон пропушти еден натпревар против Сосиедад. Барселона на тој натпревар победи со 3:2.

Нејмар оваа сезона одигра 26 натпревари во Примера и постигна 9 голови и 13 асистенции.