Официјално: Баерн се засили со Ганбри

Од таборот на Баерн Минхен потврдија дека постигнале договор со Вердер Бремен за трансфер на Серж Гнабри.

Младиот 21 годишен офанзивен фудбалер стави потпис на тригодишен договор со „Баварците“.

„Огромна е честа да се биде дел од Баерн Минхен. Ова ќе биде возбудливо за мене и со нетрпение очекувам да почнам да играм.“- коментираше Гнабри веднаш по потпишувањето на договорот.

Поранешниот член на Арсенал постигна 11 гола за Вердер минатата сезона, а беше најдобар стрелец на Олимписките игри во Бразил во 2016 година кога Германија го освои сребрениот медал.