Официјално: Ибрахимовиќ останува во Манчестер Јунајтед

Златан Ибрахимовиќ на оригинален начин, соодветен за него, го потврди останувањето во редовите на Манчестер Јунајтед.

Шведскиот интернационалец на својот профил на Инстаграм објави фотографија на која тој е облечен како Бог, а се поздравува со ѓаволот. Како што е познато, прекарот на Јунајтед е „Ѓаволи“.

Потврда дека соработката е продолжена стигна и од редовите на Манчестер Јунајтед. Клубот објави дека Златан Ибрахимовиќ го продолжил договорот на дополнителна една година, а во новата сезона ќе го носи дресот со број 10.