Официјално: Наполи купи два голмани во еден ден (Фото)

Од редовите на Наполи откако го потврдија трансферот на играчот од средниот ред, Фабиан Руиз во текот на денешниот ден потврдија дека во клубот дојдоа и двајца нови голмани.

Досегашниот голман на Наполитанците, Пепе Реина направи трансфер во редовите на Милан, па од вицешампионот на Италија беа приморани да донесат негова замена.

Аурелио Де Лаурентис и неговиот тим договорија двајца голмани и ги претставија пред околу еден час.

Нови голмани на Наполи се Алекс Мерет кој доаѓа од Удинезе каде лани бранеше на 13 средби за овој клуб, како и Орестис Карнезис кој минатата сезона ја помина на позајмица во Вотфорд исто така од Удинезе.