Охриѓани со масовна поддршка за големиот вљубеник во фудбалот Јане Велковски

Спортската сала „Билјанини извори“ денеска беше центар на големиот хуманитарен настан „Сите играме за Јане“, кој беше масовно посетен од страна на охриѓани. На настанот се играше ракомет и фудбал во знак на поддршка на малиот Јане Велковски кој има ретка болест – спинална мускулна атрофија.

Својата поддршка за Јане ја дадоа бројни јавни личности меѓу кои и актуелниот градоначалник Јован Стојаноски, поранешниот прв човек на градот Никола Бакрачески, директори на јавни претпријатија, поранешни и сегашни советници, пратеници, спортисти и останати општественици.

Инаку, Јане на денешниот настан беше голман и бранеше за екипата на „Топ Тим“.

 

Видео: Ohridnews.com

Фото: Ohrid24.com.mk