„Парите не се главна причина поради моето заминување во Кина“

Карлос Тевез оваа зима стана нов играч на Шангај, во кој стигна од Бока.

Медиумите пишуваа дека неговата неделна плата ќе биде неверојатни 720.000 евра, а потоа се појави вест дека всушност ќе заработува многу помалку.

Тој одлучи да даде изјава и да каже дека парите не биле факторот поради кој се преселил во Кина.

„На навивачите на Бока сакам да им се заблагодарам за љубовта и поддршката која ми ја даваа додека играв во нивниот тим. Одлуката да заминам беше тешка, но Бока е клуб кој го сакам и тешко ми е што не сум дел од тој тим.“

„Донесов одлука да заминам во Кина. Трансферот во Шангај го прифатив поради различни животни работи, а не поради пари. Сакав да се одморам од се.“

Карлос Тевез по враќањето во Бока од Јувентус кажа дека таму ќе ја заврши својата кариера, а по се изгледа дека нема да го испочитува својот збор.