Повреда во најлош момент: На кои натпревари нема да игра Меси?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона синоќа триумфираше против Севилја со 4-2 во дербито на деветтото коло во шпанската Ла Лига, но триумфот остана во „сенка“ на повредата на Лионел Меси.

Меси поради повреда на раката мораше синоќа да излезе од игра, но Каталонците потврдија дека повредата на е премногу сериозна и дека Аргентинецот ќе се врати за три-четири недели.

Сепак, Барселона без својата најголема ѕвезда ќе мора да игра во наредните пет натпревари, а ќе ги пропушти и големите дерби дуели против Интер и Реал Мадрид.