Погба има нов имиџ, но кому да му го покаже?! (ФОТО)

Францускиот репрезентативец, Пол Погба, има нова фризура.

Играчот за врска на Манчестер Јунајтед ја навикна јавноста речиси секоја седмица да го менува имиџот, а овојпат стана вистински предмет на исмејување.

Причината е едноствна – сите се прашуваат кому ќе ја покаже? Секако, се мили на тоа дека тренерот на Јунајтед, Мурињо го остави на клупата пред гостувањето кај Ливерпул.

Токму поради тоа твитерашите, „открија“ и зошто ја променил фризурата, ова е специјално издание за клупата на „Енфилд“.

Шега на стрна, Погба веќе некое време не е во најсериозните планови на Мурињо, а денес би требало да добие шанса во второто полувреме.