Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На стадионот во Кардиф ќе се одигра финалето во ЛШ.
Силите ќе ги измерат Јувентус и Реал, а тој дуел го најави и Зидан.
„Подготвени сме за натпреварот. Целта беше да го освоиме првенството за да дојдеме овде, а сега должноста треба да ја одработиме до крај. Нема посебен притисок. Иако сме фаворити на хартија, шансите се исти.“
„Потешко ми е како тренер, отколку како играч. Тешко ќе биде да се одлучи кој да го започне натпреварот.“
„Јувентус добро се брани, а тоа не е единствена нивна силна страна. Не знам дали ова е најдобриот Јувентус во историјата, но многу се квалитетни. Верувам дека натпреварот ќе биде отворен од двете страни.“