„Поразот против Рома не разбуди!“


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Јувентус минатата вечер го победи Лацио со 2:0 и го освои купот на Италија. Головите на нив ги постигнаа Алвеш во 12-та и Бонучи во 25-та минута.

Дефанзивецот на Јувентус, Бонучи верува дека поразот против Рома и помогнал на екипата да го освои купот.

„Беше ова тежок натпревар, но игравме со вистински пристап и повторно ги откривме нашите квалитети. Поразот во недела ни помогна, не разбуди и сега треба да се посветиме на Кротоне.“

„Во второто полувреме против Рома не бевме ние. Бевме бавни и недоволно решителни, па така по натпреварот разговаравме и се подготвивме за наредните 20 денови.“

„Лацио има многу квалитет во нападот, па природно е тоа што им дозволивме многу шанси, но за среќа Нето не спаси.“