Поранешен играч на Арсенал уапсен поради подметнување пожар


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Поранешниот играч на Арсенал, Емануел Ебуе бил уапсен во саботата во Лондон.

Ебуе кој играше за „топчиите“ помеѓу 2005 и 2011 година бил приведен на разговор во полициската станица Метрополитан под сомнение дека подметнал пожар.

„Полицијата истражува подметнување на пожар во резиденција на адресата Енфилд во саботата и за таа цел уапси 35 годишен маж под сомнеж дека го подметнал пожарот“ –гласеше во дел од официјалното соопштение на полицијата.

Ебуе бил однесен во полициската станица во Северен Лондон каде во моментов и се наоѓа.