После 2 успешни позајмици, конечно го откупуваат: Рома го донесува голманот на Арсенал


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Полскиот голман Војчек Шчесни најверојатно ќе остане во Рома и по оваа сезона.

Шчесни веќе втора сезона е на позајмица во Рома од Арсенал, а сега тимот од Рим сака да го откупи неговиот договор за 16 милиони евра.

Наводно, претставниците на овие клубови многу брзо ќе најдат како да ги договорат деталите околу откупот на договорот.

Да потсетиме, Шчесни во текот на кариерата бранеше за Арсенал, а беше на позајмица во Брентфорд и Рома.