После пет часовна борба, Надал загуби од Милер

 

 

Шпанскиот тениски ас, Рафаел Надал, денеска во еден исцрпувачки натпревар кој траеше пет часа, против луксембурецот Милер, ги загуби надежите за нова титула на Вимблдон.

Милер успеа да поведе со 2-0 во сетови, но Рафа прво намали на 2-1 а потоа и го изедначи резултатот, и кога сите мислеа дека ова ќе биде уште еден прекрасен камбек на Надал со победа, 34 годишниот луксембурец ги изненади сите и го порази фаворитот Надал.

Беше тоа неверојатен натпревар кој траеше 4 часа и 48 минути, каде што Рафа успеа да спаси четири меч топки, но не успеа на крајот во тај брејкот да го зададе последниот удар.