„Прв лош натпревар кој успеавме да го добиеме“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп процени дека победата во натпреварот против Барнли била прва победа во лош натпревар за неговиот тим.

„Ова е прв лош натпревар кој го добивме. Ми се допадна крајот, затоа што претходно не добивавме вакви натпревари, а сега успеавме. Барнли секогаш е тука, беше многу напнато и моравме да се бориме.“

Ливерпул победи со 2:1 по пресврт, а победничкиот гол го постигна Емре.

„Емре постигна чудесен гол. Јасно е дека мора да поработиме на некои работи. Не игравме најдобро, но се боревме. Беше малку чудно. Не е ова натпревар за паметење, но важни се освоените три бодови.“

Тренерот на Барнли, Дајк изјави дека на неговиот тим тешко му паднал овој пораз, затоа што цел тим играше навистина добро и имале водство.

„Тешко е сега. Нивниот гол не моравме да го примиме пред крајот на полувремето, а вториот беше разочарување, затоа што добро се претставивме. Ни требаше малку среќа.“