Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во целта за подобра продажба на своите продукти во муслиманските земји, Реал Мадрид ќе направи измена на својот грб, односно крстот кој се наоѓа на врвот на кралската крунаќе биде тргнат.
Според медиумите овој клуб со долга традиција потпишал договор со познатиот бренд од Блискиот Исток. А услов бил само тие да можат да ги продаваат продуктите на Реал во Саудиска Арабија, УАЕ, Катар, Кувајт, Бахреин и Оман.
Бидејќи таму поголемиот дел од населението е муслиманско, христијанскиот симбол ќе биде тргнат од грбот.
Реал Мадрид од крстот се откажа и во 2014 година кога учествуваше во рекламната кампања на Националната банка на Емиратите.