Роси полни 40 години: Ќе биде тешко да се остане на врвот, но ќе пробам

Италијанскиот возач Валентино Роси наскоро ќе ја започне својата 24. сезона во Moto GP шампионатот.

Јамаха вчера ги претстави возачите за новата сезона, а Роси говореше за своите години, цели и можности.

Тој набрзо ќе наполни 40 години а договор со Јамаха има до летото 2020 година, па веријатно следната година ова вреќе ќе ја започне својата 25. сезона.

„Нажалост, следната недела ќе наполнам 40 години и прилично сум стар. Предизвик за мене е  да бидам конкурентен на овие години. Најважна работа е мотивацијата, но многу важно е да бидеш и силен. Имам договор до летото 2020. година така да ќе бидат оваа и наредната година. Ќе биде многу тешко да останам на врвот, но ќе пробам“.

Роси кажува дека е многу тешко да остане физички спремен во овие години и дека напорно работи постојано.

„Морате многу да работите дома. Секој ден морате да тренирате на моторот и во теретана. Не мислам дека е голема разликата помеѓу 26 и 40 години, но сигурно многу менува ако се споредат возрастите на 25 години и на 40“.