Русија ја совлада Турција, Србија ремизираше со Романија

Четири натпревари се одиграа во вечерашниот дел од програмата на Лигата на Нации. Во Лигата Б, група 2, Русија славеше против Турција со 2:0 и така направи голем чекор кон промоција во Лига А. Стрелци за Русија беа Роман Нојштадер во 20. минута и Денис Черишев во 78. минута.

Во Лигата Ц, Србија и покрај тоа што напаѓаше речиси цел натпревар и фактот што имаше играч повеќе, не успеа да слави на гостувањето во Романија.

Во Лигата Д, одиграни беа два дуели од групата 3, каде видовме две реми исходи. Фарски Острови и Косово, односно Азербејџан и Малта ремизираа со идентичен резултат. Една од овие репрезентации ќе биде наш противник на нашата селекција во плејофот.