„Само Рамос да не постигне гол во 90-та минута“


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Напаѓачот на Јувентус, Игуаин е многу внимателен пред финалето во ЛШ кое го играат против Реал Мадрид.

Игуаин признава дека и понатаму му се восхитува на Рамос, со кој најверојатно ќе ја води најголемата битка на теренот.

„Се надеваме дека Рамос нема да ни постигне гол во 90-та минута. Многу сум му посветен, на него и неговото семејство, па ние и понатаму разменуваме пораки.“

„Фудбалот понекогаш ве става во ситуации како оваа во која јас ќе играм против Реал. Ќе биде тоа израмнет натпревар. Очекувам тежок натпревар, а тие имаат навикнато на вакви натпревари.“