Се договорија Бејл и Перез, позната иднината на Велшанецот

Како што пишуваат медиумите во Шпанија, Герет Бејл се договорил со Реал Мадрид да го напушти клубот следното лето.

Велшанецот долго време се поврзува со трансфер во Манчестер Јунајтед и Тотенхем, а враќањето на Бејл во Премиер лигата може да се реализира веќе следното лето.

Според  „Диарио Гол“ Флорентино Перез и Герет Бејл заедно дошле до заклучок крилниот фудбалер да си замине од „Бернабе“ веднаш по завршувањето на актуелната сезона.