Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Сити вчера беше поразен од Челси во 14-то коло од ПЛ.
Тимот на Гвардиола прв стигна до предност, но Челси успеа да направи целосен пресврт и да стигне до 3-те бодови.
Лоши сцени беа видени на крајот на натпреварот, кога директни црвени картони добија Кун Агуеро и Фернандињо.
„Лошо е натпреварот да заврши на ваков начин, тоа воопшто не ми се допаѓа. Се извинувам на играчите за се што се случи на крајот на натпреварот. Мислам дека стартот на Агуеро не беше намерен. Потоа Фернандињо дојде бидејќи ги бранеше своите соиграчи. Не разговарав со нив по натпреварот.“
Медиумите почнаа да шпекулираат за суспензиите. Наводно, Агуеро треба да биде суспендиран на 4 натпревари, како и Фернандињо.
Шпанскиот тренер имаше многу приговори на судењето, но по натпреварот изјави дека судијата не бил виновен за поразот.
„Не победивме бидејќи многу промашувавме, а не поради судиските одлуки. Горд сум што моите играчи играа одиграа така и се надевам дека ќе бидат уште подобри.“