Се менуваат правилата за работна дозвола – Излегувањето на Англија од ЕУ најмногу му штети на Челси!

Англија минатата година одржа референдум на кој граѓаните се изјаснија дека не сакаат да бидат членка на ЕУ.

Владата на Англија вчера официјално започна постапка за излегување од ЕУ, а овој потег би можел да донесе многу компликации во фудбалскиот свет.

Познато е дека во Англија играат многу играчи кои доаѓаат од ЕУ, а најмногу ги има во Челси.

Челси во последните години има најмногу играчи од земјите од ЕУ, а да биде уште полоша работата, тие се најважен дел од тимот.

Владата на Англија сеуште не ги потврди правилата за работната дозвола, а се шпекулира дека правилата ќе бидат жестоки.

Зад нив е Сити, а потоа следи Јунајтед. Клубовите најавија дека ќе испрататмолба и барање за правилата за работната дозвола за фудбалерите да не се менува.