Севилја се засилува од Челси

Од таборот на Севилја пројавиле сериозен интерес за услугите на Мичи Батсуаи од редовите на Челси.

Во овој период Севилја засега се засили само со бекот Гиљерме Арана, а во преостанатите денови планираат да се засилат и на средината на теренот, но и во нападот.

Како што дознава „АС“ прва цел за тимот предводен од Монтела ќе биде напаѓачот на Челси, Мичи Батсуаи кого се обидоа да го донесат и во летниот преоден рок. 24 годишниот напаѓач не добива многу шанса од Антонио Конте, па постои можност следните шест месеци да ги помине на позајмица во Ла Лига.