Сега нема дилеми, Шпанец го напушта Ливерпул!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер во наредната сезона нема да биде во плановите на Јирген Клоп.

Никој не беше задоволен од изданијата на Алберто Морено откако дојде од Севиља во Ливерпул.

Левиот бек во Андалузија го најавуваа како голем потенцијал, но не се докажа во Ливерпул во првата сезона, а кога Јирген Клоп го прекомандува Џејмс Милнер на позиција лев бек, тој го загуби местото во стартниот состав и ставен е во втор план.

Поради тоа, не му преостанува ништо друго отколку да побара нова средина на лето.

Пред три сезони Морено стигна за 12 милиони фунти во Ливерпул, а екипата од Енфилд може и да заработи на него (доколку сметаме само на оштета).

Имено, неговата цена се проценува на околу 15 милиони фунти, а заинтересирани има и доаѓаат најмногу од Италија.
„Гоал.цом“ пренесува дека за ова момче заинтересиран е миланското дуо, Интер и Милан.

Дека ќе го напушти Енфилд, зборуваат и напорите на Ливерпул да доведе нов лев бек, а посебно се заинтересирани за во своите редови да го видат младиот фудбалер на Фулам, Рајан Сесењо, кој има само 16 години и кој е еден од откритијата на Чемпионшип.