Сити ја одреди цената за заинтересираните страни за Агуеро


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


ПСЖ е првиот фаворит, Интер исто така е заинтересиран.

Медиумите објавија дека Агуеро е прва жртва на одличните игри на Жесус.  Тие пишуваат дека Гвардиола во Барселона и Баерн веќе покажа дека е суров.

Иако сериозните медиуми не пишуваат такви констатации и велат дека ниту Гвардиола не е расположен да се откаже од искусниот напаѓа. Но секој има своја цена, а медиумите пишуваат дека цената на Агуеро е 93 милиони евра.

Таков одговор наводно добил спортскиот директор на ПСЖ, Клајверт кога во неформални разговори прашал за сумата која би била доволна за тој трансфер.

Медиумите како потенцијална дестинација на Аргентинецот ја наведуваа и Реал, но и Интер кој неодамна покажа интерес за него и сака да му даде неделна плата од 350.000 евра, односно 18 милиони евра годишно