Солзи на Бартра по враќањето на теренот!

Фудбалерот на Борусија, Бартра се врати на теренот по еден месец пауза.

Тој се повреди во бомбашкиот напад на автобусот на Борусија пред натпреварот со Монако, а истиот ден итно беше префрлен во болница и потоа опериран.

Тој ги одигра сите 90 минути во победата на Борусија против Вердер со 4:3. На крајот на натпреварот, емоциите го совладаа и тој почна да плаче.

„Каков натпревар, многу возбудливо, каква атмосфера, какво чувство.. Навистина сум среќен и горд.“