Спалети ја откри иднината на Манолас!

Лучијано Спалети зборуваше за можното заминување на Манолас од тимот на Рома.

На многу интересен начин го искоментира тоа прашање.

„Манолас? Ако Рома ја сметаат за добар тим, тогаш тоа е поради Наинголан, Стротман, Манолас итн. Можеби тој е несреќен, бидејќи не играше против Сампдорија, но тоа не значи дека побарал трансфер.“

Да потсетиме, Рома утре игра против Чезена во купот.