Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рајан Мејсон ја даде првата изјава по тешката повреда против Челси пред 9 денови.
25-годишниот фудбалер доби скршеница на черепот по судирот со Гери Кејхил и 8 денови помина во болница.
„Сакам да им се заблагодарам на сите за поддршката. Среќен сум што сум жив, среќен сум што дојдов дома и што можам да се одморам со семејството.“
„Мојата свршеница ми ги прочита сите пораки за поддршка. Навистина не можам да верувам колку луѓе се сетија на мене. Секоја порака ми дава сила. Ви благодарам на сите од се срце.“