Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Сити, Гвардиола изјави дека напредувал во однос на периодот кога ги водел Барселона и Баерн Минхен.
Во својата дебитантска сезона на Гвардиола не постигна резултати какви што беа очекувани од него. Сити во првенстовот е на 4-то место и одамна немаат шанса за титула.
Сепак, Гвардиола тврди дека не е полош тренер само затоа што со Сити не освои трофеј.
„Не сум полош тренер затоа што не освојувам трофеи. Се чувствувам уште подобар. Многу подобро се спротиставувам на некои ситуации. Во Шпанија постојат фантастични тимови кои нема да освојат ништо оваа сезона, а тоа се случува со голем број гиганти во Европа.“
Пред Гвардиола денес е нов тренерски предизвик, односно градското дерби со Јунајтед.