Тажна фотографија од Јувентус: Сите се тука, но еден човек го нема (ФОТО)

Новиот голман на Јувентус, Матија Перин, објави вечерва фотографија на Твитер, која предизвика тага кај навивачите на „Старата дама“.

Перин реши со навивачите да сподели фоторграфија од турнејата во Америка, а на истата се наоѓаат уште тројца негови колеги.

Секако, сите навикнавме на голот на Јуве да биде и Џанлуиџи Буфон, но по 17 години, екипата остана без него, па ќе мора навивачите да се помират со новата ситуација.