Талески со одличен натпревар во триумфот на Рајн Некар Левен

Македонскиот репрезентативец Филип Талески одигра одличен натпревар за својот Рајн Некар Левен во натпреварот против Лемго во рамките од 20. коло од Бундеслигата.

„Лавовите“ натпреварот го добија со убедливи 38:17, а истиот беше решен уште по првите 15 минути кога резултатот беше верувале или не, 14:0. До крајот на полувремето предноста само растеше, а на пауза се замина со плус 19 во корист на домашниот тим (23:4).

Нашиот Талески доби шанса од тренерот Јакобсен и одлично ја искористи постигнувајќи четири погодоци од исто толку обиди на кои придодаде и три асистенции.