Тоа е сè што остана: Тага, солзи и болка на „Кинг Пауер“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Лестер денеска во солзи им дадоа почит на жртвите кои починаа во хеликоптерската несреќа, која се случи во саботата по дуелот против Вест Хем (1-1).

Каспер Шмајхел, Џејми Варди и останатите соиграчи не можеа да ги сокријат солзите на „Кинг Пауер“, каде ги испратија починатите.

Семејството на Вичај Шриваданапраба беше исто така покрај стадионот, а исто така дојдоа и многу навивачи.

Починатиот газда беше омилен помеѓу фудбалерите, а сега Лестер ќе има друга судбина, а најубав спомен со него ќе им биде освоената титула пред две години.