Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Легендарниот Франчесто Тоти синоќа го одигра својот последен натпревар во дресот на Рома.
После последниот поздрав Принцот на Рим со своите верни навивачи, целиот Олимпико плачеше, а честитки и поздрави за одличниот Тоти пристигнуваат од своите краеви на светот.
После емотивната разделба на Тоти од саканиот дрес после четврт век, и одличниот стопер на Реал Мадрид Серхио Рамос имаше неколку зборови за Италијанецот.
„Мислам дека Тоти добро ќе се снајдеше во било кој голем клуб, затоа што е тој е роден стрелец и големи играчи секогаш најдуваат начин да се вклопат во екипата“, рече Рамос за Рома Тв, и додаде:
„Кога ќе има правила за листа на најдобри играчи на сите времиња, Тоти сигурно ќе биде на неа, навистина верувам дека ќе се сеќаваме како еден од најголемите“.