Трансфер бомба во Прилеп: Јасир Асани нов играч на Победа

Изненадувачки трансфер реализираа од таборот на Победа откако попладнево го објавија доаѓањето на талентираниот Јасир Асани.

Првиот човек на Победа, Гоце Инглизов денес ги финишира преговорите со 22 годишниот играч и ставија потпис на шестмесечен договор.

Асани е фудбалер на Вардар, а минатите шест месеци ги помина како позајмен во редовите на Шкупи.

Одлучив да дојдам во Победа и да направам чекор напред во мојата кариера. Во Победа имам многу пријатели со кои сум настапувал. Тука ми е меѓу другите и Гешоски, легендата на фудбалот во Македонија. Сакам оваа сезона со Победа да избориме излез во Европа затоа што прилепскиот прволигаш има многу добра екипа и верувам дека во претстојниот шампионат ќе направиме успех“- коментираше Асани по потпишувањето на договорот.

Асани е четврто засилување за Победа ова лето откако во клубот претходно дојдоа Борче Маневски, Нове Ацески и Тулат Хумбатов.