Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
УЕФА денеска објави вест поврзана за Лигата на шампионите која ги израдува сите италијански клубови.
Имено, УЕФА се одлучи за Италија од сезоната 2018/19 повторно да има четири места што водат во Лигата на шампионите.
Моментално по четири места имаат Шпанија, Англија и Германија, додека Италија имаше три места поради лошиот коефициент.
Сепак, Италија се придружи на овие лиги и сега ќе има четири места што водат во Лигата на шампионите.
Првите три места водат директно, додека клубот кој ќе заврши на четвртото место ќе игра квалификации.
Италијанците четвртото место го добиле благодарение на лошите резултати на клубовите од Португалија кои ќе загубат едно место. Шанса за уште едно во иднина да добијат имаат Франција и Русија.