Фудбалер на Ливерпул му станува соиграч на Ристовски во Спортинг

„Скај Спортс“ пренесува дека од таборот на Спортинг Лисабон се заинтересирани за услугите на играчот на Ливерпул, Рафаел Камачо.

18 годишниот фудбалер важи за голема надеж на Ливерпул и игра на офанзивните позиции во средниот ред, а во првиот тим на „Црвените“ почесто игра како десен бек.

Камачо одигра на десната бековска позиција на последниот натпревар на Ливепрул во поразот од Вулверхемптон во ФА Купот.