Фудбалер тешко повреден во Аеродром

Како што јавуваат повеќе медиуми во нашата земја, во вооружен инцидент на улицата Владимир Комаров во Аеродром е рането лицето М.Ј, активен фудбалер.

Напаѓачот испукал пет куршуми кон фудбалерот по што се дал во бегство, а полицијата започна потрага по него.

Случајни минувачи повреденото лице го сместиле во приватно возило и го пренеле во непознат правец.