Хаос во Париз: Нејмар се скарал со газдата поради соиграч!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Француските медиуми пишуваат дека Нејмар повеќе не е во одлични односи со првиот човек на клубот, Насер Ел-Келаифи, а тоа би можело да значи дека Бразилецот ќе си замине од ПСЖ.

Во претходниот период тие беа во одлични односи, но тензиите во клубот се кренале поради Дани Алвеш.

Нејмар, со поддршка на тренерот Томас Тухел, кај Ал-Келаифи добил шанса да разговара за договорот со Алвеш и проблемите со истиот.

Наводно, вчера се случија расправија меѓу Нејмар и Ал-Келаифи поради фактот дека преговорите околу нов договор за Алвеш биле запрени.

Договорот на искусниот бек од ПСЖ завршува во јуни, а Парижаните наводно му понудиле нов, едногодишен според кој ќе добие плата зависи од бројот на одиграни натпревари.

Алвеш одбил таков договор, па се заканил дека ќе замине од клубот по завршувањето на сезоната.