„Чудото од дете“ на Јувентус заминува на позајмица!


Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Младиот напаѓач на Јувентус, Кин би можел во текот на летниот преоден рок да замине од Торино.

Како што најави неговиот менаџер, големи шанси има Кин да замине на позајмица за да напредува и да добие искуство.

Со оглед на тоа дека во Јувентус тешко ќе добие шанса, тој би требало да замине во некој тим во Холандија.

„Имаме план да го однесеме во Холандија, затоа што таму се игра напаѓачки фудбал.“

Кин има само 17 години и на натпреварот против Болоња го постигна голот за победа на Јуве.