Шкендија ќе игра против најлесниот противник на стартот во ЛШ

Актуелниот македонски шампион Шкендија ќе игра против Њу Сентс од Велс во првото квалификациско коло во Лигата на шампиони (ЛШ).

Шкендија во првиот натпревар ќе ги пречека гостите во Македонија, а потоа ќе замине во Велс, кадешто ќе се обиде да го пронајде патот до второто квалификациско коло.

Првиот натпревар го играат на 10/11 јули, а реваншот се игра на 17/18 јули.