Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Медиумите во Италија пренесуваат дека еден од најдобрите играчи на Интер минатата сезона, Милан Скриниар одбил да го продолжи договорот со клубот.
Словакот кој беше трансфер цел на Манчестер Јунајтед и Арсенал го одбил новиот договор затоа што сметал дека заслужува да заработува повеќе.
Во моментов Скриниар заработува нешто помалку од два милиони евра по сезона, а од Интер му понудиле нов договор со кој ќе заработува по 2.5 милиони евра по сезона. Сепак, играчот од одбраната барал најмалку три милиони евра годишна плата.