Јувентус одби 70.000.000 евра за еден од најдобрите играчи

Челзи имаше амбиција да го доведе Јилдиз, но налета на ѕид во Торино. Лондонскиот клуб беше активен во преодниот рок, не жалеше пари, а во плановите на Сините беше и Кенан Јилдиз.

Еден од најдобрите играчи на Јувентус беше мета на Челзи, кој за неговата слобода понуди 70.000.000 евра, пишува Калтчомеркато.

Старата дама ги одби тие пари и покажа дека смета на турскиот ас на подолги патеки, а во прилог на тоа говори и планот да му се продолжи договорот до 2030 година, со зголемување на платата.

Откако беше промовиран во првиот тим на Јувентус, Јилдиз многу брзо се наметна и стана незаменлив член на тимот од Торино.