Јувентус откри колку ќе трае договорот на Тудор

Игор Тудор стана тренер на Јувентус откако беше сменет Тијаго Мота.

Мота доби отказ бидејќи Јувентус под негово водство заврши само на петтото место во првенството, а рано испадна од Лигата на шампионите и италијанскиот куп.

Тудор потпиша во недела, но Јувентус ниту тогаш во официјалната објава дека тој е новиот тренер, ниту во деновите што следуваа, не објави на колку потпиша тренерот.

Сега тоа го откри директорот Кристијано Ѓунтоли на претставувањето на Тудор во клубот: „Игор беше нашиот прв избор. Не само поради неговото минато во црно-белото, туку првенствено поради неговите технички, човечки и морални квалитети. Тој ќе остане со нас до крајот на сезоната, вклучувајќи го и клупското СП. Потоа ќе седнеме и се надевам дека ќе продолжиме заедно. Тој има важни квалитети за да го продолжи нашиот проект“.