Јоаким Лев останува селектор на репрезентацијата на Германија до 2020 година

    Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија Јоаким Лев потпиша двегодишно продолжување на договорот што значи дека ќе го води „Елф“ до завршувањето на ЕВРО 2020 година, соопшти сојузот на таа земја.

    Лев го наследи Јирген Клисман на чело на репрезентацијата во 2006 година, а со Германија во 2014 година ја освои титулата светски шампион во Бразил.

    На неодамна завршеното ЕП во Франција, “Панцерите“ беа исфрлени во полуфиналето од домашната селекција, но добро ги отворија квалификациите за СП  во Русија во 2018 година.

    Тие се наоѓаат на чело на групата Ц со три победи а наредниот меч играат во гости против Сан Марино во ноември.