Јувентус ја одреди цената за Дибала

„Кориере Дело Спорт“ пренесува дека од Јувентус поставиле цена за услугите на Пауло Дибала.

Клубот од Торино ќе ги разгледа сите понуди  кои ќе стигнат на нивна адреса и кои ќе бидат во висина од 102 милиони фунти.

За аргентинскиот фудбалер кој би можел да си замине од Торино постои интерес од Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, а се споменува дека можно е да се случи трампа во која ќе учествува и Интер со тоа што ќе го прати Икарди во Јувентус, а за возврат ќе го добие Дибала.