„Ќе се исфарбам во сино ако Барселона ја освои ЛШ“

Новиот фудбалер на Барселона Самуел Умтити добро се вклопи во екипата од Ноу Камп.

Францускиот стопер стана редовен член на првата екипа на каталонскиот клуб, а истакна дека во развојот многу ќе му помага соработката со најдобрите играчи на денешницата.

„На тренинзите играм против Меси, Нејмар и Суарез и тоа е неверојатно искуство. Тоа е дополнителен плус и примерив дека многу ми помага на натпреварите“, рече Умтити, кој потоа додаде:

„За мене Меси е најдобар играч на светот. Тој е феномен и еднакво е добар на тренингот како и на натпреварите“.

Самуел Умтити со своите играчи има цел да ја освои ЛШ, а даде ветување и што ќе направи ако тоа се случи.

„Меси и Нејмар се исфарбаа во сино, а јас тоа ќе го направам ако ја освоиме Лигата на шампионите“, порача 22-годишниот стопер.