„Џејмс нема да се прости од Реал!“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Шпанските медиуми објавија информација дека Џејмс Родригез го одиграл последниот натпревар во Мадрид.

Тој наводно не е задоволен со статусот во тимот и најави заминување.

Како нова дестинација се споменува Јунајтед, но Зидан тврди дека Џејмс го нема одиграно последниот натпревар.

„Дали ова е натпревар за простување? Не, не е. Тој е играч на Реал и може многу да направи за тимот. Фокусирани сме само на крајот на сезоната и не сакам да зборувам за други работи. Пред нас е најтешкиот дел во кој мораме да бидеме најдобри.“

Одличниот играч е член на Реал од 2014-та година, а стигна од Монако за 80 милиони евра.