Официјално: Погба е новиот „црвен ѓавол„


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најголемата трансфер сапуница ова лето го доби својот епилог.

Нема дилеми повеќе, Пол Погба е новиот ѓавол, тој е веќе нов играч на тимот од Манчестер.

Вечерва тоа е потврдено и на официјалниот сајт на Јунајтед, со направен видео спот за враќањето на Погба на Олд Трафорд.

Некогаш испратен за безпари во Јувентус, сега се враќа и станува најскапиот фудбалер во светот, колку интересно.

Погба потшипа договор со тимот во кој започна неговата кариера на пет години.

Се изрази и најскапиот на светот. После ставањето епилог на оваа голема трансфер сага, ставање крај на сите шпекулации, Погба рече дека му е драго што се враќа во Јунајтед.

„Пресреќен сум што се вратив. Јунајтед е тим што одсекогаш има посебно место во моето срце, едвај чекам да ја почнам својата соработка со Мурињо. Си носам спомени и од Јувентус, но веќе чувствувам дека е време да се вратам на Олд Трафор“ – рече Погба, додавајќи:

„Одсекогаш сакав да играм пред наши навивачи. Ова е вистински клуб за мене, за да се докажам кој навистина сум и што можам“

А воодушевен е и Мурињо.

„Пол е еден од најдобрите фудбалери на светот и ќе биде клучен дел од тимот кој сакам да го формирам. Брз е, јак и постигнува голови и ја чита играта многу подобро од некои фудбалери кој се можеби и подобри од него“  – рече големиот фудбалски стратег, Мурињо