Повеќе детали за најголемиот трансфер во историјата на фудбалот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дилеми повеќе нема, Погба е играч на Манчестер. Потврда на твитер стигна и од Манчестер, кои објавија дека нивниот поранешен играч пак се враќа на Олд Трафорд.

Французинот ќе постане најскапиот фудбалер на светот. Јунајтед кој пред 4 години го прати Погба во Јувентус бесплатно сега плаќа повеќе од 100 милиони евра за да го врати сјајниот играч во својот тим.

Се верува дека Јувентус на Јунајтед ќе им исплати 115 милиони евра, а овој трансфер ќе го чини Јунајтед повеќе од 250 милиони.

Ова е прв пат после 20 години некој англиски клуб да го сруши рекордот со доведување фудбалер. Погба ќе му се придружи на Ибрахимовиќ во тимот на Јунајтед.

Со Јувентус освои 4 титули првак на Италија, играше едно финале на ЛШ и финале на ЕП со Француската репрезентација.

Од овој трансфер ќе се опари и агентот, Раиола кој ќе добие 25 милиони евра.

Овој е четвртиот трансфер на Јунајтед ова лето, претходно пристигнаа Златан Ибрахимовиќ, Хенрик Миктаријан и Ерик Беил кои вкупно се платени околу 80 милиони евра.

Ама изгледа ова не е крај, Мурињо рече дека уште играчи ќе пристигнуваат. Медиумите не погодуваат кој ќе е последен, но Јунајед и те како ќе имаат тим кој ќе се бори за титула.

Тиери Анри инаку сонародник на Погба верува дека младиот играч може да постане еден од најдобрите во фудбалот. И Патрик Виера го опишува како добар играч, а Гигс рече дека е играч кој има се што му треба.