Младински репрезентативец потпиша за МЗТ Скопје


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарот на младинската репрезентација на Македонија, Андреј Цветковски потпиша 2-годишен договор со МЗТ Скопје.

Цветковски ќе биде од голема помош на бековските позиции бидејќи оваа година МЗТ Скопје ќе игра АБА лига, македонска лига и Еврокуп. Ова е враќање на овој млад кошаркар бидејќи претходно играше за младинските категории на МЗТ. Минатата сезона тој ја помина во Работнички.

Талентираниот кошаркар на ЕП во Грција одигра 7 натпревари каде имаше просек од 9.1 поен и 2.9 скока. Претходно беше дел од јуниорската и кадетската репрезентација на Македонија.

Цветковски е деветиот кошаркар кој потпиша за МЗТ Скопје ова лето.